Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението?Примерок
Што ако веќе сум се препуштил на искушението?
Што ако е прекасно?
Си се борел/а со искушението со сета своја сила—и си загубил/а.
Сега си виновен/на пред светиот Господар на универзумот.
Сите сме биле на твое место: “Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме себеси, и вистината не е во нас” (1 Јован 1:8).
Еве што правиме: “Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да не очисти од секаква неправда.” (v. 9).
Однеси го твојот грев кај твојот Отец—веднаш.
Признај ја твојата грешка, покај се, и побарај прошка.
Побарај го неговото ветување за прошка на твоите грешки и гревови, да те прочисти и да ги заборави твоите гревови.
Дали Божјото проштевање значи дека можеме да грешиме и исповедаме, па да продолжиме да грешиме и да се исповедаме?
Не без последици.
Можам да заковам шајка во дрво, и ти можеш да ја извадиш—но дупката останува. Одбиената послушност неможе да се поврати назад. Наградата за верност е загубена засекогаш.
Бог простува, но болката од нашите гревови сеуште боли—нам, како и останатите.
Сепак, може да ни биде простено од Оној чиј син умре наместо нас да го исплати нашиот долг: “Бог ја докажа љубовта своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.” (Римјаните 5:8).
Вината не е од Бог.
Нашиот Отец го љуби секој член на нашата фамилија. И ние сеуште сме негови деца, дури и кога не се однесуваме како такви.
Милост е кога добиваме она кое не го заслужуваме; помилување е кога не го добиваме она кое го заслужуваме.
Нашиот небесен Татко ги нуди двете.
Дали треба да го отвориш неговиот поклон за прошка денес?
Ако да, не чекај. Зборувај со твојот небесен Татко. Тој сака да те слушне тебе, неговото возљубено дете.
---
За да прочитате повеќе за надминување на гревот и искушението, превземете го првата глава од книгата на Др. Денисон, 7 смртни гревови, безплатно.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов.
More