Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Променет живот: целПримерок

Living Changed: Purpose

1 ДЕН ОД 5

Создаден со Цел

Секој од нас е роден на овој свет за да исполни некаква цел. Бог ја создал секоја личност со неверојатно уникатна комбинација од дарови, кои сака да ги употреби за да ја расте Неговата црква, иако можеби ние не можеме да признаеме или да видиме кои се тие дарови. За среќа, Бог поставил траги во нашите срца и преку Светиот Дух, нè води до откривање на нашата цел.

Како сите деца, ние имаме многу голема имагинација. Ние креираме карактери и цели светови во кои можеме да се најдеме себеси способни за сѐ и сешто. Небото ни е границата! Не научивме од што да се плашиме или не ни било кажано дека некои работи не можеме да ги постигнеме. Ние сè уште не сме ограничени од суровата реалност во животот, ниту сме загрижени за нашиот статус. Ние сме самоуверени во тоа кои сме, и слободни сме да ги одиграме улогите од нашите соништа.

Се присетувам на моментите кога си играв во дворот облечена во горен и долен дел пижами од некој суперхерој. Јас бев Вондер Вумен, и го спасував светот од опасности! Ќе застанев во став на тремот, со моите раце на колковите, и кога ќе приметев некаква неволја, скокав во акција за да го спасам денот. Дури и да си играм цел ден, не се изморував.

Кога остарев, се чудев зошто имав таква желба кога бев малечка. Ми стана јасно дека дури од мала имав желба да им помагам на оние што не можат да си помогнат самите себеси. Како пастор, тоа е она што го правам секојдневно. Работам неуморно за да ги спасам луѓето од портите на пеколот, со тоа што ги водам до нашиот Спасител. Знам дека Бог ме донел на овој свет за да им помогнам на луѓето да се спасат. Тој ја засади таа желба во мене уште од почетокот.

Ти можеби не сакаше да бидеш суперхерој. Наместо тоа, си живееше во секојдневна рутина со твоите кукли и им држеше часови на твоите плишани мечиња. Можеби се преправаше дека ги лекуваш болните, дека си репортер на вести или истражуваше нови светови. Какви и да биле твоите соништа од детството, тие не се ставени во твоето срце случајно. Бог ги поставил таму со некаква цел. Иако можеби светот те убедува дека се имагинарни, тие се сè уште таму—извезени во материјалот од кој Тој те створил.

Ако не си сигурен за тоа која е Божјата цел за тебе, погледни на твоите соништа. Земи ги во предвид нештата што прават да плачеш, кои го контролираат твоето срце, кои те возбудуваат, и те ставаат во состојба на праведна лутина. Тој ги постави тие работи во тебе, кои уникатно те креираат за целта што само ти можеш да ја исполниш. 

Боже, ти благодарам што си ме создал со специфична цел. Ти благодарам што веруваш во мене и ми го даваш тоа што точно ми треба за да го исполнам твојот повик во мојот живот. Откриј ми ја пасијата, надежта и желбите што си ги ставил во моето срце и јасно покажи ми како да ги употребам за Твоето царство, Господе. Помогни ми да живеам по твоја волја и да ти донесам слава со сѐ што правам и зборувам. Во името на Исус, амин.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Living Changed: Purpose

Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чувствуваш загубено или се мислиш да преминеш на нешто друго, овој петдневен план ќе ти помогне да му веруваш на Бог за Тој да може да те води до твојата цел.

More

Би сакале да ѝ сe заблагодариме на службата Чејнџд Вумен, коja ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.changedokc.com/