Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

1 ДЕН ОД 7

Не верував дека ќе доживеам да наполнам 21 година после целата моја историја на сексуална злоупотреба, силувања, живот во една хаотична средина, напуштена од мајка ми и осамена во маалото во кое владееа улични банди, ситуација во која јас на возраст од 13 години заедно со мојот брат кој беше 8 години требаше сами да се снаоѓаме и браниме еден со друг три месеци. Во текот на летото му се придружив на еден постар дечко кој се понуди да нѝ дава храна и да нѐ заштити. Тоа беше врска во која јас и брат ми бевме злоупотребувани и искористени за на крај да ме донесе до ситуација каде требаше да работам во секс индустријата како стриптизета. Во суштина мојот дечко стана моето макро и мојот живот целосно излезе надвор од контрола. 

Го најдов Исус. 

Во Него најдов милост, исцеление и слобода. Јас почнав повторно да сонувам. Сонував за денот кога ќе живеам во дом со бела дрвена ограда и градина со тревник во кој ќе бидат расфрлани детските играчки. Сонував за средена фамилија во која сите ќе го носиме истото презиме, сонував за безбедност и стабилен живот—сонував за нешто што немав прилика да го искусам додека бев дете.

Имав погрешно уверување дека доколку одам во црква во Недела, доколку ги читам правите книги и правам добри дела, сите мои соништа магично ќе се остварат и ќе станам имуна на неволјите кои ги носи овој живот.

Во следните неколку години сѐ ми одеше како што планирав. Се омажив, добив прекрасно бебе и се вселив во домот како што замислував. Животот ми беше толку многу добар што дури почнав да си љубоморам самата на себе! 

Но, кога дознав дека сопругот ме изневерува и нема желба да го обнови нашиот брак ми се сруши сета надеж што ја имав во животот и сонот за мојот живот кој го живеев почна да се распаѓа. 

Во поемата “Харлем“, писателот Ленгстон Хјуз поставува едно прашање. “Што се случува со одложениот сон?“  

 “Дали се суши

      како грозд оставен на сонце?

      Или се суши како рана—

      и потоа заминува?”

Јас верувам дека зависи од сонувачот што ќе се случи со нашите одложени, недостижни или уништени соништа. Начинот на кој реагираме ќе одреди дали тоа ќе нѐ приближи кон Божјата замисла за нашиот живот или ќе нѐ оддалечи од неа.

Јас требаше да донесам одлука во моментот кога мојот сопруг се исповеда…

На што да се надевам сега? Да се надевам на надежта што ја имам за моите животни соништа или да се надевам на Бог?

Според Библијата, секоја одложена надеж го разболува срцето, но надежта во Исус е како цврст столб во душата. Јас не можев да ги променам околностите колку и да сакам, но можев да одлучам како ќе реагирам на нив.

Те поканувам да размислиш на следниве неколку прашања: На што се надеваш денес? Дали се надеваш на твојот сон што го имаш за животот или се надеваш на Оној кој ти ги дава соништата? 

Ден 2

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта или развод. Независно од тоа дали поминуваш низ некоја тешка трагедија или се сносиш со загуба или едноставно ти е смачено да чекаш толку долго време, Божјиот сон за тебе е сеуште жив! Пријателе, сега е времето кога ќе почнеш да сонуваш пак.

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/