Сеќавање на сѐ што Господ направиПримерок
Ако си го примил Христос како твој личен Спасител, тогаш ти си ново создание. „Старото си замина и новото дојде!“ Минатата недела се навраќаше на твоето минато за да се потсетиш на Божјата моќ, Неговата верност, на тие што Господ ги употреби да те развијат како личност, на најголемата жртва што Христос ја направи за нас. Денеска ќе размислуваме за зборовите кои се наоѓаат во 2 Коринтјаните 5:11-21 за откупната моќ на Божјото простување. Не постои ништо помоќно, поверно, пожртвено и животоменувачко од простувањето што Господ ни го дал преку Неговиот син Исус Христос. Денеска сети се на промената во твојот живот која си ја искусил преку Божјото простување. Целосно заборави на стариот живот и сети се на денот кога твојот живот засекогаш се промени. Слави го Господ и заблагодари Му за новиот живот во Христос.
Свето Писмо
Опис за овој план
Сите сме со срцето свртени кон иднината, но не смееме да го заборавиме минатото. Целта на овој план е во тек на следните пет дена да те потсети на сето она што Бог го направил за ти да се оформиш во личноста која си денес. Секој ден ќе добиваш Библиски четива и кратки поуки кои ќе ти помогнат да се потсетиш на клучните настани од твоето чекорење со Исус.
More
We would like to thank Life.Church for providing this plan. For more information, please visit: www.life.church