Искусувајќи го Божјото обновувањеПримерок
1 Коринтјаните 6:19-20 ни дава еден пријателски потсетник за важноста на тоа да се менуваме не само одвнатре, туку и однадвор. Размисли за тоа еден момент. Нашите тела се храм на Светиот Дух и така треба да се однесуваме кон нив. Дали би дозволиле црковната зграда да изгледа уништено или растурено? Се разбира не! Ако се потребни поправки на твојата црква, сигурно таа ќе се реновира за да стои како светол зрак на Христовата љубов во твоето соседство. Според тоа, зарем не треба да ги третираме и нашите тела на ист начин и постојано да ги обновуваме за да можат да ја спроведат Божјата цел за нашите животи? На кој начин треба да го обновиш твоето тело? Обновувањето може да биде различно за секого. За некои можеби ќе биде потреба за повеќе вежбање и подобра диета. Можеби ќе биде потреба од физичко исцелување. За други можеби ќе биде да му се дозволи на Бог да те обнови од некои минати сексуални гревови. Откриј каде ти е потребна обнова за твоето тело и дозволи му на Бог да го примени Неговото исцелување во твојот живот.
Свето Писмо
Опис за овој план
Тоа што сме нови созданија во Христос значи дека постојано се обновуваме преку Него. Бог ги обновува нашите срца, мисли и тело. Тој дури ја обновува и нашата цел. За време на овој 5 дневен план за читање на Библијата, ќе се задлабочиш повеќе во она што го кажува Божјото Слово за обновувањето. Секој ден ќе имаш по едно читање од Библијата и по една кратка побожност која ќе ти помогне да размислуваш за различните начини на кои ја доживуваме Божјата обнова. За повеќе содржини, оди на страницата finds.life.church
More
We would like to thank Life.Church for providing this plan. For more information, please visit: www.life.church