Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Користење на твоето време за БогПримерок

Using Your Time for God

4 ДЕН ОД 4

Планирање на твоето време

Користи го слободното време за работи кои го подобруваат животот. Читањето е корисно употребено време. Августин еднаш ги советувал верниците да научат колку што може повеќе, бидејќи целата вистина е Божја вистина. Други хобија кои се збогатувачки, се во областа на уметноста. Јас исто така уживам во крстозборки како загревање на малите сиви клетки и заради проширување на мојот вербален израз.

Најди начин како да го измамиш "сончко". Навика ми е да се повлечам помеѓу 20 и 21 часот кога е тоа можно и да станам околу 4 наутро. Ова предизвика една убава револуција во моето планирање на денот. Рано наутро часовите се ослободени од пречки и прекини, едно прекрасно време за проучување, читање, пишување и молитва.

Користи го за учење времето кога возиш. Возењето автомобил е една механичка работа која му овозможува на умот да биде буден не само за она што се случува на патот. Ползата од снимени материјали е мошне голема при возењето.

Конечно, во повеќето ситуации имањето на план за денот е повеќе ослободувачки отколку ограничувачки. Работењето со помош на дневен план енормно помага при организирање на употребата на нашето време. Таквиот дневен план треба да ни биде пријател, а не непријател. Тој ни помага да го најдеме ритамот за еден продуктивен живот што Го прославува Бог.

Корам део: Живеење пред лицето Божјо

Ако немаш дневен план, направи си еден и употребувај го до крајот на неделата, а потоа направи евалуација како тоа ти помогна да го откупиш времето. Ако веќе имаш дневен план, одвој малку време за да го разгледаш и да се молиш за твоите приоротети.

Copyright © Ligonier Ministries. Добиј бесплатна книга од Р. Ч. Спроул на Ligonier.org/freeresource.

Ден 3

Опис за овој план

Using Your Time for God

4 дневна побожност од Р. Ч. Спроул во врска со користење на твоето време за Бог. Секоја од овие побожности те повикува да живееш во Божјото присуство, под Божјиот авторитет, за слава Божја.

More

Благодарни сме на Ligonier Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: Ligonier.org/youversion