Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Радост - Силата во ГосподПримерок

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

28 ДЕН ОД 30

На почетокот на христијанскиот живот Божјиот благослов се чувствува доста силно, така што гледано според чувствата, христијанинот повеќе оди според она што се гледа, а не по верата, а Божјите благослови како да го милуваат одблизу. Но доаѓа момент во животот на ученикот кога Бог ги ускратува тие удобности и кога радоста во Господа не е како таа на почетокот, Неговото присуство не е толку слатко и кога едно чудно сивило (ако може така да се каже) надвиснува над духовниот живот.

За одреден период душата влегува во една длабока темнина, за потоа да започне да сфаќа дека Бог нè учи на разликата помеѓу одење во светлината на благословите и навлегување во искуство со Божјите блаженства, или, поедноставно кажано, Бог ја води душата надвор од светот на религиозните чувства и емоции кон светот на верата.

Прашања за размислување: На кои начини ме учи Бог да одам во небеснат светлина на Неговите блаженства немсто во вештачката светлина на овоземните благослови?

Цитатите се превземени од: God’s Workmanship, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 27Ден 29

Опис за овој план

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.

More

We would like to thank Discovery House Publishers for providing this plan. For more information, please visit: www.utmost.org