Жени
Ослободување од споредба - 7 дневна посвета од Ана Лајт
Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи капакот над твоите способности, и ќе ти помогне да живееш живот во слобода и изобилие кој Бог го дизајнирал за тебе
Простор за дишење
Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
Не помирувај се со безбедното
Доколку не се соочите со гласовите на несигурност, двоумење и страв, тие ќе го диктираат вашиот живот. Овие гласови не можете да ги стишите, ниту пак да ги игнорирате. Во овој тридневен план, Сара Џејкс Робертс ви покажува како да му се спротивставите на она од вашето минато што ве ограничува и како да ја прифатите нелагодноста за да станете несопирливи.
Озборување
Зборовите кои ги употребуваме имаат неверојатна моќ, да изградат или да срушат. Озборувањето е особено отровно. Каква улога имаат зборовите во твојот живот - да донесат живот или да ги уништат другите? Овој седмодневен план ќе ви помогне да разберете дека Господ зема за сериозно што излегува од вашата уста. Бидете тивки и само слушајте што има Тој да ви каже.
Адамант со Лиза Бевере
Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.
Променет живот: цел
Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чувствуваш загубено или се мислиш да преминеш на нешто друго, овој петдневен план ќе ти помогне да му веруваш на Бог за Тој да може да те води до твојата цел.
Прочитај го Новиот Завет
Овој план ќе ти помогне да го прочиташ целиот Нов Завет за една година.