Годишни планови за читање на Библијата
Хронолошки
„Хронолошкиот“ план кој ни е понуден од пријателите во Библија со сино писмо, е составен според неодамнешните историски истражувања, земајќи го во предвид редоследот по кој настаните се случувале. Тоа е фантастичен план за следење доколку сакаш да додадеш историски контекст на она што го читаш во Библијата. Ако го следиш распоредот на читање, тогаш целата Библија ќе можеш да ја прочиташ во една календарска година.
Канонски
,,Канонскиот" план составен од Блу Летер Библија ги опфаќа сите книги во Библијата — од Битие до Откровение. Планот ќе ви даде умерена количина за читање секој ден, со цел да ја прочитате целата Библија во текот на една календарска година.
Роберт Робертс
Робусен и систематски, планот на Роберт Ве води во целосно читање на Стариот Завет и две целосни читања на Новиот Завет. Читањата се во просек четири поглавја во должина и вклучуваат стихови од Стариот и Новиот Завет секој ден.
План за читање на Библијата, книга по книга, од Дисајплшип Џ'рнал
План за читање на Библијата, кој води книга по книга и е лесен за следење. Овој план од Дисајплшип Џ'рнал (Discipleship Journal) ти дава она што ти е потребно за да ја прочиташ Библијата во една година.