Надеж
Да им се прости на оние што нѐ повредуваат
Независно дали страдаме од емоционална или физичка повреда, простувањето е столб во Христијанскиот живот. Исус Христос ги искуси сите видови на нефер и неправеден третман, дури до точка на погрешна смрт. Сепак, во неговиот финален час, тој му прости на крадецот што се подбиваше на другиот крст, како и на извршителите.
Приказната за Велигден
Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица.
Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвик
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
Бојното поле на умот – Побожност
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.
Грижа
Нашиот живот многу лесно може да биде обземен со грижи и страв од непознатото. Но Бог ни даде Дух на храброст, а не на страв и грижи. Овој седумдневен план ќе ти помогне да се обратиш на Бог за секоја ситуација. Ќе ставиш крај на грижата, ако ја ставиш твојата доверба во Бог.
Прочитај го Новиот Завет
Овој план ќе ти помогне да го прочиташ целиот Нов Завет за една година.
Рута, Приказна за Искупување
Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање!
Драга Зависност...
"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвета да ти послужи како утеха и да те инспирира во процесот на опоравување!
Започни Одново
Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми за нов почеток. Немој да застанеш тука! Продолжи да го читаш овој план! Уживај!