За млади
Лутина
Лутина им се случува и на најдобрите од нас! Твојата реакција на лутината е базирана на довербата во Бог и размислувањето за Неговиот Збор. Земето го во предвид планот за читање заедно со темата лутина. Следните стихови; кога се запомнети, може да ти помогнат да реагираш соодветно на лутината. Дозволи твојот живот да биде транформиран преку помнење на Библијата! За сеопфатен систем за помнење на Библијата, посетете ја www.MemLok.com
Облека
Општеството оддава големо значење на облеката која ја носиме. Можеби се прашуваш што Библијата има да каже за тоа, како ние треба да се претставиме себе си - дали воопшто е важно? Овој седмодневен план ќе ти помогне да разбереш дека тоа е важно, затоа што ти си дете Божјо.
Гнев и омраза
Гневот е проблем со кој секој се соочува порано или подоцна. Овој седмодневен план ќе ти даде библиска преспектива за гневот, со краток пасус за читање секој ден. Читај го овој пасус полека, искрено погледни кон себе и дозволи Му на Бог да ти зборува за твојата ситуација.
Божјиот план за твојот живот
Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме.
Искушение
Искушението доаѓа во толку многу форми. И лесно е да најдеме изговор за нашите одлуки и да се оправдаме. Овој седумдневен план ти покажува дека преку Божјиот Дух ти можеш да го совладаш искушението. Најди време да го смириш својот ум, дозволи му на Бог да ти зборува, и ќе најдеш сила да ги совладаш најголемите искушенија.
Притисок од колегите
Притисокот од колегите може да биде одлична работа, но исто така може да биде и лоша реалност. Господ нѐ повикал да живееме посветен живот во Него - а знањето и разбирањето на Неговите стандарди е далеку поважно. Во овој седмодневен план ќе најдете сила да се соочите со притисокот и да направите мудри одлуки во животот.
Озборување
Зборовите кои ги употребуваме имаат неверојатна моќ, да изградат или да срушат. Озборувањето е особено отровно. Каква улога имаат зборовите во твојот живот - да донесат живот или да ги уништат другите? Овој седмодневен план ќе ви помогне да разберете дека Господ зема за сериозно што излегува од вашата уста. Бидете тивки и само слушајте што има Тој да ви каже.
Грижа
Нашиот живот многу лесно може да биде обземен со грижи и страв од непознатото. Но Бог ни даде Дух на храброст, а не на страв и грижи. Овој седумдневен план ќе ти помогне да се обратиш на Бог за секоја ситуација. Ќе ставиш крај на грижата, ако ја ставиш твојата доверба во Бог.
Злоупотреба
Ниеден човек не заслужува да биде злоупотребен. Господ те љуби и посакува да бидеш згрижен. Ниедна грешка, ниеден недостаток, ниедно недоразбирање не треба да биде причина за физичко, сексуално или емоционално злоупотребување. Овој седмодневен план ќе ти помогне да ја разбереш Божјата замисла за правда, љубов и утеха која Тој ја има за секој човек.