Тит 3:3-5
Тит 3:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг. Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет, кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.
Тит 3:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух
Тит 3:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, скитници, робови на разни страсти и задоволства, живејќи во зло и завист, мразени и мразејќи се еден со друг. Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител, нѐ спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух