Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ТИТ 3

3
1Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело; 2никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе. 3Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, скитници, робови на разни страсти и задоволства, живејќи во зло и завист, мразени и мразејќи се еден со друг. 4Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител, 5нѐ спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух, 6Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител, 7та оправдани преку Неговата благодат да станеме наследници според надежта на вечниот живот.
8Верно е тоа слово, и сакам ова да го држиш цврсто; и оние, кои веруваат во Бога да се грижат да одат напред во добрите дела. Тоа е добро и полезно за луѓето. 9А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни. 10Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување, 11знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.
12Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму! 13Грижливо снабди ги за пат правникот Зина и Аполос, за да имаат сѐ што им треба! 14Но и нашите да се учат да бидат први во добрите дела, каде што е тоа неопходно потребно, за да не бидат без плод.
15Те поздравуваат сите, кои се со мене. Поздрави ги оние, кои нѐ љубат во верата. Благодатта со сите вас. Амин!

Селектирано:

ТИТ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност