Тит 3:11-14
Тит 3:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле. Сакам да го испратам кај тебе Артема или Тихик. Кога еден од нив ќе пристигне, потруди се да дојдеш кај мене во Никополис, зашто имам намера таму да ја поминам зимата. Кога правникот Зена и Аполос ќе решат да си заминат, погрижи се да ги снабдиш со се што им е потребно за на пат. Треба да ги учиме нашите луѓе да не седат со скрстени раце, туку вредно да работат, правејќи добри дела и за други луѓе, кои имаат итни потреби.
Тит 3:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси. Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимувам. Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо. И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.
Тит 3:11-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси. Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму! Грижливо снабди ги за пат правникот Зина и Аполос, за да имаат сѐ што им треба! Но и нашите да се учат да бидат први во добрите дела, каде што е тоа неопходно потребно, за да не бидат без плод.