Римјаните 4:19-22
Римјаните 4:19-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна; и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога, наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил. Затоа тоа му се сметаше за праведност.
Римјаните 4:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил. Затоа тоа му се припиша како праведност.
Римјаните 4:19-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба; не се посомнева во Божјото ветување, туку зајакна во верата и Му даде слава на Бога, наполно уверен дека е силен да го исполни она што го ветил. Затоа тоа му се засмета за праведност.