Римјаните 2:6-11
Римјаните 2:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост; јарост, пак, и гнев на оние што ѝ се непокорни на вистината, а ѝ се покоруваат на неправдата. Неволја и мака за секоја човечка душа која прави зло, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин; слава и чест и мир на секој што прави добро, пред сѐ за Јудеец, а исто така и за Елин! Зашто Бог не е пристрасен.
Римјаните 2:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
кога Бог на секого ќе му плати според неговите дела. На оние што истрајуваат во вршењето добри дела, и во копнежот по небесна слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот, а врз оние што се себични, што одбиваат да ја слушаат вистината, а го следат злото, Бог ќе излее гнев и лутина. Маки и страдања ќе има за сите што прават зло, прво за Евреите, а потоа и за другите народи, а слава, чест и мир за сите што прават добро, прво за Евреите, а потоа и за другите народи. Кај Бог нема пристрасност!
Римјаните 2:6-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој ќе му даде секому според неговите дела: на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; а на оние, кои се противаат и не ѝ се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост. Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! Зашто Бог не гледа на лице.