Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 2

2
1Затоа немаш изговор човеку, кој судиш - кој и да си ти - зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото. 2А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи. 3Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд? 4Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание? 5Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд, 6Кој ќе му даде секому според неговите дела: 7на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост - вечен живот; 8а на оние, кои се противаат и не ѝ се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата - гнев и јарост. 9Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! 10А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! 11Зашто Бог не гледа на лице.
12Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени. 13Бидејќи, пред Бога не се праведни оние, кои само го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани оние, кои се извршители на Законот. 14Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат - по природа - она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. 15Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат, 16во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни.
17Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога, 18ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто; 19и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина, 20воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината; 21и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли? 22Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови? 23Ти, кој се фалиш со Законот, Го обесчестуваш ли Бога со престапување на Законот? 24“Па заради вас се хули Божјото име меѓу народите“ - како што е напишано. 25Секако, обрезанието е полезно, ако го исполнуваш Законот; но ако си престапник на Законот, твоето обрезание станува необрезание. 26И така, ако необрезаниот ги пази прописите на Законот, нема ли неговото необрезание да му биде сметано како обрезание? 27И така, оној, кој не е телесно обрезан, а го исполнува Законот, ќе ти суди тебе, кој си престапник на Законот - и покрај тоа што го имаш словото на Законот и обрезанието. 28Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, ниту е вистинско обрезание она, што е надворешно - врз телото - 29туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста; а вистинското обрезание на срцето е по Дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, а од Бога.

Селектирано:

РИМЈАНИТЕ 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност