Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 12:12-19

Римјаните 12:12-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивни­те потреби; трудете се да бидете госто­прим­ливи; благословувајте ги оние што ве го­нат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. Радувајте се со оние што се радува­ат и плачете со оние што плачат! Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри; и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“

Римјаните 12:12-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се. Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви. Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги. Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат. Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете! Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро. Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе. Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели: “Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе возвратам!“