Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 12:12-19

Римјаните 12:12-19 MNT

Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се. Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви. Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги. Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат. Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете! Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро. Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе. Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели: “Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе возвратам!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 12:12-19