Откровение 8:10-11
Откровение 8:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Третиот ангел затруби и од небото падна една голема ѕвезда. Таа гореше како факел и падна врз една третина од реките и изворите. Ѕвездата беше наречена Пелин и од неа стана горчлива една третина од водата за пиење. Голем број луѓе изумреа од горчливата вода.
Откровение 8:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори. А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пелин, и многу луѓе умреа од водите, бидејќи беа загорчени.
Откровение 8:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И третиот ангел затруби: од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило и падна врз третината од реките и на водните извори. А името на ѕвездата е Пелин. И третината од водите стана пелин и многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа загорчени.