Откровение 2:9-11
Откровение 2:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина. Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.
Откровение 2:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знам за вашите страдања и сиромаштија, но вие сте богати! Знам и за навредите што ви ги нанесуваат луѓе кои себеси се сметаат за Божји народ, а не се! Тие се сатанско собрание! Не плашете се од страдањата што ве очекуваат. Наскоро, Ѓаволот некои од вас ќе искуша, фрлајќи ги в затвор. Ќе страдате „десетина дена“. Останете Ми верни дури и ако ве осудат на смрт и Јас ќе ве наградам со венецот на животот! Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!
Откровение 2:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
ги знам твоите дела неволјата и сиромаштвото - но ти си богат - и хулите на оние, кои зборуваат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска синагога. Не бој се од она, што ќе претрпиш. Ете, ѓаволот ќе фрли некои од вас во темница, за да бидете искушувани, и ќе бидете во неволја десет дни. Биди верен до смрт и ќе ти дадам круната на животот. Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној кој победува - втората смрт нема да му нанесе штета.“