Откровение 2:2-4
Откровение 2:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Познати Ми се вашите дела, труд и трпение. Знам дека не поднесувате зли луѓе. Кога некои луѓе се прикажувале за апостоли, а не биле, вие сте ги провериле и сте утврдиле дека тие се лажливци. Непоколебливи и неуморни сте, иако имате претрпено многу заради Мене. Но имам нешто против вас: Вие веќе немате таква љубов спрема Мене, каква што имавте на почетокот!
Откровение 2:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци; дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.
Откровение 2:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ги знам твоите дела и твојот труд и твоето трпение; и дека не можеш да ги поднесуваш лошите, и ги испита оние, кои тврдеа дека се апостоли, а не се, и најде дека се лажци; и имаш трпение, и си претрпел за Моето име, си се трудел, и не се умори. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.