Откровение 2:17
Откровение 2:17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите: „На секој што ќе излезе како победник, ќе му дадам од скриената манна. Ќе му дадам и бел камен на кој ќе биде впишано едно ново име, што не го знае никој друг, освен тој што ќе го добие.“
Откровение 2:17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
Откровение 2:17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.“