Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 1:12-18

Откровение 1:12-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници, а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас; главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен; нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Него­во светеше како што сонцето сјае во полна сила. Штом Го видов, паднав пред Не­го­вите нозе како мртов. Тој ја стави Сво­јата десна рака врз мене и ми рече: „Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта.

Откровение 1:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога се свртев да видам кој ми зборува, видов седум златни свеќници. Таму, меѓу свеќниците, видов Еден што личеше на Синот Човечки, облечен во долга облека до стапалата и препашан околу градите со златен појас. Главата и косата Му беа бели како снежно бела волна, очите Му беа како огнен пламен, стапалата Му блескаа како бронза пречистена во вжарена печка, а гласот Му беше силен како бучава од забревтани води. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од устата Му излегуваше двостран остар меч. Лицето Му болскотеше како Сонцето во полна сила. Кога Го видов, паднав како мртов пред Неговите нозе! Тој ме допре со Својата десна рака и ми рече: „Не плаши се! Јас Сум Првиот и Последниот. Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.

Откровение 1:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И се свртив, за да го видам гласот, што зборуваше со мене. И свртувајќи се, видов седум златни светилници, а среде седумте светилници, Некој, сличен на Човечкиот Син, облечен во долга облека до нозете и препашан со златен појас преку градите. Неговата глава и косата беа бели како бела волна, како снег, а Неговите очи како огнен пламен; Неговите нозе како бронза вжарена во печка; а Неговиот глас, како шум од многу води. Во Својата десна рака држеше седум ѕвезди, и од Неговата уста излегуваше меч остар од двете страни; и Неговото лице беше како што сонцето свети во својата сила. И кога Го видов паднав како мртов пред Неговите нозе; а Тој ја сложи Својата десница врз мене и ми рече: „Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.