Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 1

1
1Ова е откровение од Исус Христос. Бог Него Го овласти да им го открие на Своите следбеници она што наскоро ќе се случи. Потоа Христос испрати Свој ангел преку виденија да му ја пренесе пораката на Божјиот слуга Јован.
2Јован овде верно ја кажува Божјата порака, сведоштвото на Исус Христос и се што видел.
3Бог ги благословува оние што јавно ги читаат овие пророштва, како и оние што ги слушаат и ги прифаќаат пророштвата запишани во оваа книга. Зашто, предопределеното време за нивно исполнување е на прагот!
4Од Јован, до седумте цркви во Азија: Ви пожелувам милостива благонаклоност и мир од Бог, Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде; и од седумкратниот Дух пред Неговиот престол,
5и од Исус Христос - верниот Сведок, Првороденецот од мртвите и Владетелот над земните цареви. Тој нас не љуби и со Својата крв не откупи од власта на гревот.
6Тој од нас направи Царство на свештеници кои служат пред Бог, Кој е Негов Татко. Нему Му припаѓаат славата и власта во вечни векови - Амин!
7Еве Го, доаѓа со небесните облаци! Секое око ќе Го види - дури и оние што Го прободеа! Сите народи на Земјата ќе проплачат поради Него! Да, навистина!
8Господ Бог, Семоќниот, вели: „Јас сум Алфа и Омега - Оној Кој постои, Кој отсекогаш постоел и Кој ќе дојде!“
9Јас сум Јован, ваш брат и сострадалник, кој како следбеник на Исус заедно со вас трпеливо ги поднесувам страдањата што ни доаѓаат нам кои му припаѓаме на Неговото царство. Се наоѓам во прогонство на островот Патмос, поради тоа што ја проповедав Божјата порака и сведочев во полза на Исус.
10Еден неделен ден, додека општев со Духот, чув како зад мене одекна глас силен како од труба.
11Гласот ми рече: „Запиши го во книга тоа што ќе го видиш и испрати го до седумте цркви во градовите: Ефес, Смирна, Пергам, Тијатир, Сард, Филаделфија и Лаодикеја.“
12Кога се свртев да видам кој ми зборува, видов седум златни свеќници.
13Таму, меѓу свеќниците, видов Еден што личеше на Синот Човечки, облечен во долга облека до стапалата и препашан околу градите со златен појас.
14Главата и косата Му беа бели како снежно бела волна, очите Му беа како огнен пламен,
15стапалата Му блескаа како бронза пречистена во вжарена печка, а гласот Му беше силен како бучава од забревтани води.
16Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од устата Му излегуваше двостран остар меч. Лицето Му болскотеше како Сонцето во полна сила.
17Кога Го видов, паднав како мртов пред Неговите нозе! Тој ме допре со Својата десна рака и ми рече: „Не плаши се! Јас Сум Првиот и Последниот.
18Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.
19Запиши го тоа што го виде: и тоа што е сега и тоа што ќе се случи подоцна.
20А еве што е таинственото значење на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десна рака, и на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди ги претставуваат седумте гласници на седумте цркви, а седумте свеќници ги претставуваат седумте цркви.“

Селектирано:

Откровение 1: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се