Откровение 1:12-16
Откровение 1:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога се свртев да видам кој ми зборува, видов седум златни свеќници. Таму, меѓу свеќниците, видов Еден што личеше на Синот Човечки, облечен во долга облека до стапалата и препашан околу градите со златен појас. Главата и косата Му беа бели како снежно бела волна, очите Му беа како огнен пламен, стапалата Му блескаа како бронза пречистена во вжарена печка, а гласот Му беше силен како бучава од забревтани води. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од устата Му излегуваше двостран остар меч. Лицето Му болскотеше како Сонцето во полна сила.
Откровение 1:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници, а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас; главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен; нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Негово светеше како што сонцето сјае во полна сила.
Откровение 1:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И се свртив, за да го видам гласот, што зборуваше со мене. И свртувајќи се, видов седум златни светилници, а среде седумте светилници, Некој, сличен на Човечкиот Син, облечен во долга облека до нозете и препашан со златен појас преку градите. Неговата глава и косата беа бели како бела волна, како снег, а Неговите очи како огнен пламен; Неговите нозе како бронза вжарена во печка; а Неговиот глас, како шум од многу води. Во Својата десна рака држеше седум ѕвезди, и од Неговата уста излегуваше меч остар од двете страни; и Неговото лице беше како што сонцето свети во својата сила.