Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 96:1-13

Псалми 96:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Запејте Му на Господ песна нова, за­пеј Му на Господ, цела Земјо! Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него; разгласувајте ја меѓу народите сла­вата Негова, и на сите народи – чудесата Негови; зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите бо­гови. Бидејќи сите богови на незна­бош­ците се идоли, а Господ ги создаде небесата. Слава и величие се пред лицето Не­гово, сила и великолепие – во светилиш­тето Негово. Воздајте Му на Господ, племиња на­родни, воздајте Му на Господ слава и чест; воздајте Му на Господ слава на име­то Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови; поклонете Му се на Господ во све­тите дворови Негови. Да затре­пери пред лицето Негово целата Земја! Кажете им на народите: Господ се зацари! Затоа цврста е вселената, нема да се разниша. Тој управува пра­ведно со народите. Нека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува; нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите, пред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.

Псалми 96:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Пејте Му на Господа нова песна! Пеј Му на Господа цела земјо! Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение, кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови! Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата! Пред него се: славата и величието, силата и красотата во Неговото Светилиште. Дајте Му на Господа, племиња на народите, дајте Му на Господа, слава и сила! Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име! Принесете жртви и влезете во Неговите дворови, поклонете Му се на Господа во сјајот на Неговата светост. Трепери пред Неговото лице, цела земјо! Нека се зборува меѓу многубошците: „Господ царува!“ Затоа вселената е цврста и нема да се измести, праведно управува со народите. Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него! Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја, пред Господа, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе му суди на светот со правда и на народите според Својата вистина.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност