Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 96:1-13

ПСАЛМИ 96:1-13 MKB

Пејте Му на Господа нова песна! Пеј Му на Господа цела земјо! Пејте Му на Господа, благословувајте Го Неговото име! Проповедајте го од ден на ден, Неговото спасение, кажувајте им ја на многубошците Неговата слава, на сите народи Неговите чуда. Зашто Господ е велик, предостоен за фалба, пострашен е од сите богови! Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата! Пред него се: славата и величието, силата и красотата во Неговото Светилиште. Дајте Му на Господа, племиња на народите, дајте Му на Господа, слава и сила! Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име! Принесете жртви и влезете во Неговите дворови, поклонете Му се на Господа во сјајот на Неговата светост. Трепери пред Неговото лице, цела земјо! Нека се зборува меѓу многубошците: „Господ царува!“ Затоа вселената е цврста и нема да се измести, праведно управува со народите. Веселете се, небеса, и радувај се земјо! Нека шуми морето и што е во него! Нека се радува полето и што е во него, нека пеат радосно горските дрвја, пред Господа, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе му суди на светот со правда и на народите според Својата вистина.