Псалми 94:16-23
Псалми 94:16-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој ќе се крене за мене против лукавите или кој ќе стои покрај мене против злосторниците? Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во светот на мртвите! Кога помислив: ногата ми се поколеба, – Твојата милост Господи, ми помогна! Кога се намножуваа тешкотиите во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја. Па зар до Тебе ќе се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој? Ја ловат душата на праведниот и осудуват невини на смрт. Но Господ е мое прибежиште и Бог мој – сигурна тврдина моја. Тој ќе им плати за нивното беззаконие, и за нечестивоста нивна ќе ги погуби, Господ Бог ќе ги погуби.
Псалми 94:16-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој ќе стане, за мене, против злосторникот? Кој ќе се заземе за мене, против злочинците? Ако Господ не ми помагаше, брзо ќе слезев во место на тишина. Штом помислам: „Ногата ми се подлизнува,“ о Господи, Твојата добрина ме потпира. Кога ќе се соберат грижи во моето срце, Твоите утехи ми ја веселат душата. Зар е безбожното судилиште во Сојуз со Тебе, кога создава неправда со помош на законот? Само нека ја притискаат душата на праведниот, нека осудуваат невина крв. Господ ми е тврдина, Бог - засолниште на моето прибежиште. Ќе им плати за нивното беззаконие, ќе ги истреби со нивната злоба, ќе ги истреби Господ, нашиот Бог.