Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 92:1-15

Псалми 92:1-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишен, да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ – Твојата верност, на десетострунена харфа и на лира. Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите дела, на делата на Твоите раце им се радувам. Колку се големи делата Твои, Гос­поди! Многу се длабоки Твоите помисли! Безумниот човек не ќе може да ги узнае, неразумниот нема да го разбере ова: дури грешниците и да никнуваат ка­ко трева, и кренат глава оние што вр­шат беззаконие, тоа е за да бидат истре­бени засекогаш, Ти си, Господи, Севишен секогаш! Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие; а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и ме помазуваш со чисто масло. Моите очи го видоа падот на непријателите мои, и ушите мои го слушнаа тресокот на побунетите против мене злосторници. Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски. Тие се засадени во домот Госпо­дов, ќе цутат во дворовите на нашиот Бог; тие и во староста ќе бидат плодни, сочни и полни со свежина, за да возвестуваат дека е праведен Господ, мојата Карпа во Која нема неправедност.

Псалми 92:1-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Добро е да се слави Господ и да се пее на Твоето Име, Сѐвишен; да се навестува Твојата љубов наутро и Твојата верност ноќе; на харфа со десет жици и на псалтир, со песна на лира. Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце. Колку се големи Твоите дела, Господи, и длабоки се Твоите замисли! Безумниот човек не сознава, и неукиот не сфаќа. И ако безбожниците никнуваат како трева, и ако цветаат сите, кои прават зло, одредени се за вечна пропаст; а Ти, Господи, остануваш возвишен довека. Навистина, Твоите непријатели, о Господи, Твоите врагови ќе пропаднат: ќе се распрснат сите, кои прават беззаконие. Ми го воздигна рогот како во бивол, ме помаза со пречисто масло; и моето око гледа од високо на непријателите, и моите уши слушаат за оние, кои стануваат против мене. Праведникот цвета како палма, и расте како ливански кедар. Засадените во Господовиот Дом цветаат во дворовите на нашиот Бог. Тие и во старост донесуваат плодови: сочни и свежи: за да навестат дека Господ е праведен; моја Тврдина - и нема неправда во Него.