Псалми 91:9-12
Псалми 91:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој; затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои. Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја
Псалми 91:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сѐвишниот за своја закрила. Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор. Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.