Псалми 91:1-9
Псалми 91:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небесниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана. Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне. Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат; само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите. Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште
Псалми 91:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ти, Кој живееш под покрив на Сѐвишниот, што се одморуваш во сенката на Сѐдржителот, речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!“ Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор. Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила! Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење, ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне. И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи! Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците. Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сѐвишниот за своја закрила.