Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 86:5-17

Псалми 86:5-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те повикуваат. Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја. Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу. Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите. Сите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Гос­поди, и ќе го прославуваат името Твое, зашто Ти си велик и правиш чудеса, – Ти си Бог единствен! Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и дај ми непоколебливо срце, за да го почитувам името Твое. Ќе Те славам, Господи, Боже мој, од сѐ срце и вечно ќе го прославувам името Твое, зашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од адските длабини. Боже, законопрестапниците ста­наа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе. Но Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилос­тив и верен, погледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата Свој и спаси го синот на слугинката Твоја; покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се за­срамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.

Псалми 86:5-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зашто Ти си, Господи, добар и проштаваш со задоволство, полн си со љубов кон сите, кои Те повикуваат. Чуј ја, Господи, мојата молитва, и внимавај на гласот на мојот повик. Во ден на неволја Те призовувам Тебе, зашто ќе ме послушаш. Ти нема рамен меѓу боговите, Господи, нема дела какви што се Твоите. Сите народи, што ги создаде, ќе дојдат и ќе Ти се поклонуваат о Господи, и ќе го прославуваат Твоето име. Зашто Ти си величествен и правиш чудеса: Ти си Единствен Бог. Научи ме на Својот пат, Господи, за да одам верен кон Тебе, обедини го моето срце, да се бои од Твоето име! Ќе Те фалам Господи, мој Боже, со сето свое срце, ќе го славам Твоето име довека. Зашто е изобилна Твојата љубов кон мене, ја истрга мојата душа од длабочините на Подземјето. О Боже, гордите се кренаа против мене, многу силници го дебнат мојот живот, и Те немаат Тебе пред очите. Но Ти си, Господи Боже, милостив и благ, спор на гнев, обилен во љубов и вистина. Погледај на мене и смилувај ми се; дај му ја Твојата сила на Твојот слуга и спаси го синот на Твојата слугинка! Дај ми милостиво знак на Твојата наклоност, за да видат моите мразители и да се засрамат, зашто Ти ми помогна, Господи, Ти ме утеши.