Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 75:1-10

Псалми 75:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса. „Кога ќе го одредам времето, ќе судам право. Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови. Ги опоменувам дрските: ‘Не бидете дрски!‘ Безбожниците: ‘Не бидете толку рогливи! Не кревајте го својот рог против небото, не зборувајте дрско и тврдоврато!‘“ Зашто издигањето не доаѓа ниту од исток ниту од запад, ниту пак од пустината. Бог е Кој суди: овој го понижува, оној го возвишува! Зашто во Господовата рака е чашата полна со пенушливо вино, добро измешано; Тој напојува од неа, до капка ќе ја испијат и ќе ја исцедат сите злосторници на земјата. А јас ќе извикнувам радосно довека, ќе Му пеам на Јакововиот Бог. Ќе им ги скршам роговите на безбожниците, а роговите праведнички ќе бидат возвишени.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност