Псалми 7:10-17
Псалми 7:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бог ми е штит, Тој ги спасува оние што се со чисти срца. Бог е праведен судија, и секојдневно предупредува. Ако не се покаете, Тој ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне Својот лак и ќе го насочи, и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува. И, ете, кај безбожникот сѐ повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззаконие, па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи, и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и насилството негово слезе. Го прославувам Господа поради правдата Негова и Му пеам на името на Господ, Севишниот.
Псалми 7:10-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојата заштита е во Бога, Кој ги избавува оние, што се прави во срцето. Бог е праведен Судија, и Бог, Кој се гневи секојдневно на безбожниците. Ако не се обрати, Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак. Тој приготвил против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели. Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесност и роди измама. Ископа ров и го продлабочи; и падна во јамата, што ја ископа. Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме. А јас ќе Го фалам Господа заради Неговата правда и ќе му пеам на Името на Сѐвишниот Господ.