Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 7:1-9

Псалми 7:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господи, Боже мој, кај Тебе се за­солнувам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме; зашто тие како лавови ќе ме зграбат, ќе ме влечат, а ќе нема кој да спасува. Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои; ако зло им вратив на пријателите мои, или без причина сум ги ограбил непријателите, нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, душата во прав нека ми ја претвори. Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите мои; стани, Господи, Ти Си одредил суд. Нека се собере народен собир околу Тебе; и Ти издигни се над него високо. Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според невиноста моја. Стави ѝ крај на злобата на нечес­тивите, а праведниот зацврсти го, Ти, кој ги испитуваш срцата и бубрезите, праведен Боже.

Псалми 7:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господи, Боже мој! Се надевам во Тебе спаси ме од сите мои гонители и избави ме; да не ми ја истргаат душата како лав, што раскинува, без да се најде избавител. Господи, Боже мој! Ако јас го направив тоа, ако има неправда во моите раце, ако му вратив со зло на оној, што беше во мир со мене; или го ограбив оној, кој ме гони без причина; тогаш нека непријателот ја подгони мојата душа и нека ја стигне; и нека го згази животот мој на земјата, и ја повали мојата чест во прашина. Стани, Господи, во Својот гнев; крени се против јароста на моите противници, и разбуди се заради мене, Ти, Кој го одреди судот. И нека собраните народи Те опкружат; врати се на високо, над нив. Господ им суди на народите! Суди ми и мене, Господи, според мојата правда, и според мојата чесност во мене. Нека прекрати беззаконието на нечесните, помогни му на праведникот. Ти, праведен Боже, Кој ги испитуваш срцата и внатрешноста.