Псалми 69:1-5
Псалми 69:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до гушата моја! Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи. Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, чекајќи Го мојот Бог. Оние, што ме мразат без причина, се намножија повеќе од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, бараат да го вратам! Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе.
Псалми 69:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Спаси ме, Боже, водите ми стигнаа до грлото! Потонав во длабока тиња и нема каде да ја ставам ногата; тонам во длабока вода, брановите ме покриваат. Изнемоштев од викање, грлото ми зарипна, очите ми се истоштија, чекајќи Го мојот Бог. Побројни се од влакната на мојата глава, оние што ме мразат за ништо. Потврди се од моите коски, оние што ми се противат неправедно: Зар можам да вратам она што не сум ограбил? Боже, Ти ја знаеш мојата безумност, не Ти се скриени моите гревови.