Псалми 57:7-11
Псалми 57:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Постојано е моето срце Боже, постојано е моето срце, ќе пеам и ќе свирам. Разбуди се, душо моја! Разбуди се псалтир и гусле! Ќе ги разбудам утринските мугри. Ќе Те фалам Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата. Зашто Твојата милост е до небото, Твојата верност е до облаците. Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата слава нека е над целата земја!
Псалми 57:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората. Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата, зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците. Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!