Псалми 42:1-6
Псалми 42:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Како што кошутата копнее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог. Тагува душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон и од гората Мицар.
Псалми 42:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи. Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице? Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?“ Мојата душа се излева кога си спомнувам: како чекорев во мноштвото, предводувајќи ги кон Божјиот дом, со глас на радост и песни во свечена врвулица. Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог! Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар.