Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 42:1-11

Псалми 42:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Како што кошутата копнее по вод­ни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог. Тагува душата моја во мене, поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон и од гората Ми­цар. Бездна повикува бездна со гласот на Твоите водопади; сите Твои води и Твои бранови навалија на мене. Дење Господ ми ја покажува милос­та Своја, а јас ноќе ќе Му пеам и ќе Му се молам на Бога на мојот живот. Ќе Му речам на Бога: Ти си моето засолниште. Зошто ме заборави? Зошто одам нажален додека непријателот ме притиска? Трошејќи ги коските мои, непријателите мои се подигруваат со мене, велејќи ми секој ден: каде е твојот Бог? Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи Него јас пак ќе Го прославувам, мојот Помошник, мојот Бог.

Псалми 42:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Како што кошутата жеднее за изворните води, така мојата душа копнее по Тебе, Господи. Жедна е мојата душа за Бога, за живиот Бог: О кога ќе дојдам и кога ќе го гледам Божјото лице? Солзите ми се храна дење и ноќе, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е Твојот Бог?“ Мојата душа се излева кога си спомнувам: како чекорев во мноштвото, предводувајќи ги кон Божјиот дом, со глас на радост и песни во свечена врвулица. Зошто си ми, душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога, зашто пак ќе Го славам моето спасение, мојот Бог! Душата тагува во мене, затоа си спомнувам за Тебе, од земјата Јордан и Ермон, од гората Мисар. Бездната повикува бездна со шумот на Твоите водопади; сите Твои води и бранови поминаа преку мене. Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот. Ќе му речам на Бога: „Стено моја, зошто ме забораваш? зошто обиколувам нажален, притиснат од непријателите?“ Коските ми се кршат од подигравката на непријателите, додека тие постојано ме прашуваат: „Каде е твојот Бог?“ Зошто си ми душо изнемоштена и зошто си жалосна во мене? Надевај се на Бога зашто пак ќе го славам мојот Спасител, мојот Бог!