Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 25:1-9

Псалми 25:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кон Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. Боже мој, во Тебе се надевам, да не се посрамам, да не ликуваат над мене непријателите мои, да не се посрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што со леснотија изневеруваат. Покажи ми ги, Господи, патиш­тата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. Гревовите на младоста моја и пре­стапите мои не споменувај ги; по милос­та Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! Добар и праведен е Господ, греш­ниците ги изведува на пат, ги упатува понизните кон правда и ги учи понизните на Своите патишта.

Псалми 25:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кон Тебе, Господи, ја подигам мојата душа. На Тебе се надевам, Боже мој; не оставај да се засрамам, за да не се веселат над мене, моите непријатели. Навистина, нема да се засрамат оние, кои се надеваат на Тебе; ќе се засрамат оние, кои изневеруваат без причина. Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки! Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни си, Господи, за Твојата верност и за Твојата љубов довека. Не спомнувај си за гревовите на мојата младост, за моите престапи; спомни си за мене, о Господи! според Твојата љубов и заради Твојата благост! Господ е благ и праведен: затоа ќе им покаже пат на грешниците. Тој ги води кротките во правда, ги научува кротките на Својот пат.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност