Кон Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. Боже мој, во Тебе се надевам, да не се посрамам, да не ликуваат над мене непријателите мои, да не се посрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што со леснотија изневеруваат. Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. Гревовите на младоста моја и престапите мои не споменувај ги; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! Добар и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат, ги упатува понизните кон правда и ги учи понизните на Своите патишта.
Прочитај Псалми 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 25:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа