Псалми 24:7-10
Псалми 24:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! Кој е тој Цар на славата? – Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ. Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата! Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Тој е Цар на славата!
Сподели
Прочитај Псалми 24Псалми 24:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата! Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој! Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата! Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!
Сподели
Прочитај Псалми 24