Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 24

24
Пофалбена химна на Царот на славата
1. Господ - Творец
Давидов псалм.
1Господова е земјата и сѐ што е на неа, светот и сите кои живеат во него. 2Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките.
2. Својство на Божји народ
3Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место? 4Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не ѝ ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно. 5Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител. 6Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.
3. Влегување на Царот на славата
7Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата! 8Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој! 9Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата! 10Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!

Селектирано:

ПСАЛМИ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност