Псалми 24:1-6
Псалми 24:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Господова е земјата и сѐ што ја исполнува, вселената и оние што живеат во неа, зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди. Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место? Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава душата своја на лажни работи и не се заколнува лажно. Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител. Таков е родот на оние што Го бараат Него, кои Го бараат Бог Јаковов!
Псалми 24:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господова е земјата и сѐ што е на неа, светот и сите кои живеат во него. Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките. Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место? Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не ѝ ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно. Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител. Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.