Псалми 16:5-9
Псалми 16:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го држи в раце наследството мое. Меѓите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво. Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас. Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поколебам. Заради тоа се радува срцето мое, и воскликнува јазикот мој; па дури и телото мое спокојно почива
Псалми 16:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство. Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство! Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува. Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж.