Псалми 16:5-11
Псалми 16:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го држи в раце наследството мое. Меѓите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво. Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноќе ме учи мојот внатрешен глас. Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Тој е од мојата десна страна, за да не се поколебам. Заради тоа се радува срцето мое, и воскликнува јазикот мој; па дури и телото мое спокојно почива, зашто Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање. Ти ми го покажа патот на животот; полнота од радост има пред Твоето присуство; вечно блаженство е во Твојата десница.
Псалми 16:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство. Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство! Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува. Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж. Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот светец да види гниење. Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.