Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 148:1-14

Псалми 148:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Алилуја! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините. Фалете Го, сите ангели Негови, фа­лете Го, сите војски Негови. Фалете Го, сонце и месечино, фале­те Го сите ѕвезди и светила. Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата. Нека го фалат името на Господ, зашто Тој заповеда – и се создадоа; ги постави засекогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат. Фалете Го Господа од Земјата, вие, сите чудовишта и бездни; огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш сло­вото Негово; гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри, ѕверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати, цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии, момчиња и девојки, старци и деца – сите нека го фалат името на Гос­под; зашто е само Неговото име воз­вишено; Него Го фалат на небото и на Земјата. Тој ќе ја подигне силата на Својот народ; Тој ги прославува сите Свои светии, синовите Израелови, на народот, кој Му е близок.

Псалми 148:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине. Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! Момчиња и девици, старци со децата заедно. Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови - народ што Му е близок. Алилуја!