Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 148

148
Сета вселена да Го фали Господа
1. Небесата да Го фалат Господа
1Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините! 2Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства! 3Фалте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди! 4Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод! 5Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде. 6Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине.
2. Земјата да Го фали Господа
7Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни, 8Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово! 9Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови, 10Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици! 11Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии! 12Момчиња и девици, старци со децата заедно. 13Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото, 14Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови - народ што Му е близок. Алилуја!

Селектирано:

ПСАЛМИ 148: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се