Псалми 147:7-11
Псалми 147:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог, Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот, на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат. На коњската сила не гледа Тој, ниту Му е мила брзината на човечките нозе. Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Неговата милост.
Псалми 147:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пејте Му на Господа благодарна песна, свирете Му на псалтир на нашиот Бог! Ги покрива небесата со облаци ѝ и подготвува дожд на земјата; прави да расте трева по горите. Тој му дава храна на добитокот, и на младите гаврани кога гракаат. Тој не се грижи за коњската сила, ниту Му се мили човековите нозе. На Господа Му се мили оние, кои се бојат од Него, кои се надеваат на Неговата милост.